Ако препознавате кај себе: Ова се првите симптоми на бременоста?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со хормоните кои им лудуваат по телото и со поднесување на замор и мачнини, не е никакво чудо што трудниците лесно се вознемируваат во раниот стадиум од бременоста.

Некои жени ги чувствуваат раните симптоми на бременост по само неколку дена од зачнувањето, а други пак, не чувствуваат апсолутно ништо ни по неколку недели од бременоста.

Мириси

Многу жени стануваат чувствителни на секојдневни мириси, а чувството на вкус може драматично да им се промени, па е возможно повеќе да не можете да јадете храна или да пиете пијалок која инаку ја сакате. Исто така, вкусот на металот во истата е честа појава кај бремените жени.

Гради

Жените често во раниот стадиум од бременоста чувствуваат дека градите им се зголемиле и им станале исклучително напнати. Брадавиците, исто така, можат да пораснат, потемнат и станат многу чувствителни. Вените можат да бидат поизразени, а сите овие промени се случуваат поради подготовката на телото за доење.

Замор

Можеби, до крајот на првото тромесечје да се чувствувате многу исцрпено. Ова е резултат на порастот на нивото на прогестерон и зголемената телесна температура.

Крварење

Осум до десет дена по овулацијата, некои жени можат да имаат благо крварење, кое може да се поклопи со времето кога вообичаено почнува менструалното крварење. Ова крварење е резултат на всадувањето на оплодената јајце клетка во матката.

Втроглавица

Поради фактот дека бременоста влијае на мирисот и вкусот, бремените жени ненамерно избегнуваат храна и ги прескокнуваат оброците. Тоа предизвикува ниско ниво на шеќер, што може да доведе до вртоглавица и несвестица. Ако стоите долго време, зголемениот притисок на матката на артериите во нозете може да предизвика пад на крвниот притисок, што, исто така, резултира со вртоглавица и несвестица.

Нервоза

Со хормоните кои им лудуваат по телото и со поднесување на замор и мачнини, не е никакво чудо што трудниците лесно се вознемируваат во раниот стадиум од бременоста.Ако се најдете во стресна ситуација и чувствувате дека ќе го загубите трпението, обидете се да се дистанцирате и повеќе да одмарате.

Главоболка

Во првите неколку недели, можете да имате грчеви и чувство дека секој час ќе добиете менструација. Грчевите често ги следи и болка во грбот. Секако, сите грчеви и крварење, дури и благо, морате веднаш да пријавете на својот лекар. Бремените жени можат да имаат и чести главоболки кои се резултат на големите хормонални промени.

Засилен секрет

Многу бремени жени имаат засилен густ бел вагинален секрет. Не паничете, тоа е нормално во бременоста, но ако приметите необичен мирис или свраб, итно јавете се на лекар.

Мачнини и повраќање

Утринските мачнини можат да се појават многу рано во бременоста, дури и пред да забележите дека сте во блажена состојба. Многу жени помислуваат дека страдаат од труење од храна.

Често мокрење

Константна потреба за празнење на бешиката може да почне веќе во првата седмица од бременоста. Како што матката нагло се зголемува по оплодувањето, така ќе ја притиска бешиката и последично се јавува потреба за мокрење. Урината може да има и посилен мирис.

Примена на кожата

Можеби ќе забележите бубулици на лицето кои резултираат од хормонските промени. Овој проблем најчесто се стабилизира до второто тромесечје. Исто така, постои и можност и да ви потемнат мадежите поради зголемена пигментација на кожата.