Ако партнерот ви го каже ова после раскинување, не треба да ви биде жал за изгубеното


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ако после раскинување партнерот или партнерката ви каже дека сака да останете пријатели, подобро би било да побегнете – пишува британски Индепендент.

Според новата студија објавена во списанието „Personality and Individual Differences“, да се остане пријател со бившиот или бившата не е знак на зрелост. Тоа може да биде многу помрачно од што мислевте. Доказите од истражувањето покажуваат дека таквото однесување би можело да биде знак за психопатска тенденција.

Исто така наведено е дека однесувањето на луѓето кон бившите партнери би можело да биде нов тест за психопатија. Студијата била спроведена на 861 личност и биле анализирани нивните однесувања. Испитаниците одговарале на прашања во смисла дали се пријатели со бившите партнери. А после тоа потполнувале прашалник со кој се испитувало дали имаат нарцисоидни или психопатски особини.

Според резултатите од студијата, оние кои покажале мрачни особини, слични како кај психопатите, останале во блиски контакти со бившите партнери. Дури некои останале заради вознемирувачки причини како:

  • Извлекување на информации
  • Пари
  • Сексуални односи

Со оглед на тоа дека психопатите знаат да бидат шармантни, нив не им е тешко да останат во стратешки „однос“ со бившите уште долго после раскинувањето. Психопатијата како гранка на антисоцијално пореметување на личноста, е термин во психологијата која се користи за личности кои покажуваат нарцисоидност, садизам, себичност или површински шарм.