Ако одите на предновогодишна од работа, голема е веројатноста за секс со некој колега


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Истражувањеот кое го направи LELO, шведската компанија за секс-играчки, тврди дека ако одите на предновогодишна забави со колегите од работа, многу веројатно е да завршите в кревет со некој од нив.

Според ова истражување, 40 отсто од луѓето имале секс со колега или колешка, а 83 отсто од нив би го повториле тоа.

„Иако анкетата ни пружа факти, па дури и хумор, зборувајќи за забавите на фирмоте, загрижувачки е фактот што луѓето не користат заштита при сексот. Употребата на кондом е најважната работа во борбата против половите заболувања и несакана бременост“, нагласува Стив Томсон, извршниот директор на компанијата.

„Најпалави“ се покажале вработените во продажба, а по нив се здравствените и транспортните работници и службениците во логистика. Над половина, односно 52 отсто од оние кои го прифатиле предизвикот, ја објаснуваат својата авантура како резултат од неодоливата привлечност кон колегата, додека пак, 31 отсто од нив „немаат објаснување“ за тоа.

Дури 97 отсто од луѓето кои имале секс со колега или колешка велат дека единствена негативна последица е срамот во канцеларијата утредента, но и тоа е минливо.

Само пет отсто признаваат дека играта започнала токму на забавата, што значи дека голем број „излети“ всушност биле планирани. Само 18 отсто од испитаниците откриле дека тоа го сториле со надредена личност.