Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали некогаш сте доживеале секое едно влакненце на вашите раце да се наежи додека слушате некоја (за вас) добра песна?
Луѓето ретко имаат ваква реакција или пак им застанува „грутка во грлото“ додека слушаат музика, па поради тоа таквиот феномен го привлече вниманието и на научниците.
Бившиот студент на Харвард, Метју Сакс, минатата година проучуваше поединци кои се наежуваат кога слушаат музика, со цел да ги утврди причините за таа реакција, пренесува Independent. Истражувањето е од мал формат, на само 20 испитаници, од кои десет признале дека го доживуваат споменатото чувство додека слушаат музика, а останатите десет дека не им се случува тоа. Сите тие беа подложени на скенирање на мозокот и беше утврдено дека оние кои емоционално и физички реагираат на музиката имаат малку поинаква структура од оние кои не реагираат на таков начин на музичката дразба.
Имено, истражувањето покажа дека оние кои се наежуваат на музика имаат погуста структура на влакна кои ги поврзуваат слушниот кортекс и подрачјето кое ги обработува емоциите, поради што нивната „комуникација“ е подобра.
Се прави поопширно истражување
Откритието на Сакс е објавено во списанијата Oxford Academic и Neuroscience, кои го цитираат:
„Ако имате повеќе влакна и згоелемна ефикасност меѓу овие две области, тоа значи дека информациите меѓу нив поефикасно се обработуваат“.
Ако се наежувате кога слушате музика која ве погодува, веројатно и вашите емоции се посилни. Освен тоа, тие чувства можат да бидат поврзани и со спомените на кои ве потсетува некоја песна, што не може да се контролира во лабораторија. Со оглед на тоа дека студијата е направена на мал број испитаници, Сакс сега прави пообемно истражување во кое ќе се фокусира на активноста на мозокот за време на песните кои предизвикуваат таква реакција.
Целта му е да ја утврди невролошката причина за таа реакција, но и да види дали може музиката да се користи за лечење на психолошки пореметувања.
„Депресијата ја одзема можноста луѓето да уживаат во секојдневните работи“, вели тој.