Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона веќе подолго време работи на трансферот на Антоан Гризман и е убедена дека ќе успее да го донесе Французинот на „Камп Ноу“ ова лето.
Сепак, Каталонците имаат и „план Б“, а тоа е ѕвездата на Тотенхем Кристиан Ериксен, открива каталонски „Спорт“. Меѓутоа, Барса ќе тргне по данскиот репрезентативец само доколку не се реализира трансферот на Гризман.
Доколку Гризман се пресели на „Камп Ноу“ тој ќе стане дел од напаѓачкото трио заедно со Меси и Суарез. Доколку Барса не успее да го донесе Французинот, Кутињо ќе биде префрлен во нападот, а на негово место клубот сака да го донесе Кристиан Ериксен.
Ериксен има договор со Тотенхем до 2020 година и „спарси“ сигурно нема да го пуштат за помалку од 100 милиони евра.
The Plan B in case Griezmann doesn’t come is Eriksen.
Music to my ears. pic.twitter.com/ciaFh0GMzm
— Lucas R. ? (@lucasammr) May 28, 2018