Ако не сте знаеле – еве зошто авионите летаат толку високо!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не постои максимална височина за летање, а рекордната височина ја постигнал пилотот Александар Федотов во советскиот МИГ 25М во 1997 година – 37.649 метри.

Висината на која летаат повеќето авиони е 10 илјади метри, а во случај на летање важи правилото што повисоко, тоа подобро.

Имено, една од главните причини поради кои авионите летаат толку високо е тоа што во повисоките слоеви на атмосферата воздухот е поредок, поради што летот е полесен, побрз и поекономичен.

Идеалната височина се движи од 10 до 13 илјади метри. Повисоко од ова има премалку кислород за да може да го поттикне согорувањето на моторите, а пониско воздушниот отпор е поголем.

Теоретски во енергетска смисла, најефикасно би било авионот постојано да оди на повисоки надморски височини, отколку да се одржува на да речеме десет илјади метри, бидејќи тежината на леталото се намалува поради трошењето на горивото и разредувањето на воздухот.

„Секое летало има оптимална висина на летање“, појасува Питер Тери, кој веќе 30 години е пилот на комерцијални летови.

„Конкордот леташе на многу поголеми висини, од 15 до 18 илјади метри, каде не лета ниту едно друго летало“, додава тој.

На толку големи височини леталата ги заобиколуваат и временските неприлики. Тропосферата, односно атмосферскиот слој најблизок до земјата, има најмногу метеоролошки феномени, а на леталата најмногу им одговара стратосферата.

Во повисоките делови од атмосферата исто така се избегнуваат другите летата, како хеликоптери и полесни авиони, птиците и инсектите.

Освен тоа предноста на високото летање е во тоа што на висина од 13 илјади метри во случај на некој дефект, пилотот има многу повеќе време да го реши проблемот. Можеби звучи нелогично, но постои можност авионот да слета безбедно, дури и доколку двата мотора откажат.