Ако не ги знаете овие 5 работи, не почнувајте со диета


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред да почнете нов режим на исхрана, многу битно е да ги знаете овие неколку работи кои ги зголемуваат шансите за долгорочни резултати.

1. Дебелината не подразбира само лош изглед

Поголем број на луѓе не ги гледаат или едноставно не сакат да ги видат вистинските последици од прекумерно консумирање храна и слаби или никакви физички активности. Со други зборови, то е стрес, психичка и емотивна нестабилност, но и разни хормонални пореметувања, како и озбилни и помалку озбилни заболувања. Сега кога го знаете тоа, можеби уште посилно ќе запнете за својата цел!

2. Диетата воопшто не значи гладување

Најголемата заблуда и грешка во врска со слабеењето е тоа да мора да гладувате. Баш напротив, со гладта на вашето тело ќе направите повеќе штета отколку корист, бидеќи тоа во голема мера ги пореметува софистицираните метаболички процеси во организмот и хормоналната рамнотежа. Истотака, ако сте гладни, за брзо ќе ја изгубите мотивацијата. И понатаму јадете повеќе помали оброци на ден, три главни, но намалете ја количината на храна и одбирајте што повеќе квалитетни намирници. Јадете разноврсно, често, но помалку од вообичаеното. Кога така ќе ги усогласите работите, воопшто немора од ништо да се одречите, само водете сметка на количината.

3. Со вежбање почнете полека

Покрај промената во прехрамбената навика мора да го промените и својот начин на живот, а тоа значи дека мора да вежбате. Немојте одма да започнете нагло и напорно , бидеќи тоа може да биде премногу и лесно да се откажете. Добро размислете за својата цел и вежбите за тело прилагодете ги према вашите можности. Исто така кога што можете тренирајте во секојдневниот живот – пешачење, одење по скали итн.

4. Диетата за вас мора да значи промена на животните навики

Со други зборови , ова не смее да биде само краткорочно, односно долгорочна цел, бидејќи ако е ова прво, телото нема да има време да се прилагоди за нагли промени па панично ќе реагира, што значајно ќе ги промени метаболичките процеси и нажалост ќе предизвика разни заболувања. Постапно навикнувајте го своето тело на нов режим бидеќи само така ќе можете да постигнете долгорочни резултат и започнете здрав живот.

5. Реалните цели се многу важни за мотивација

Ако одма на почеток си поставите тешка цел, врз себе ставате огромен притисок и одма на почеток на некој начин се демотивирате. Многу истражување покажале како краткорочни цели, применети на дневна база се многу ефикасни . Панаместо да изгубите 10 килограми во месец дена , поставете си 2.5 килограми дневно. После тој ден, кога ќе го постигнете тоа, ќе биде те уште повеќе мотивирани, свесни дека сте на добар пат и дека правите добра работа.