Home Актуелно Ако македонските работници нема да сакаат да работат 60 часа неделно, Владата ќе увезува работна сила од странство

Ако македонските работници нема да сакаат да работат 60 часа неделно, Владата ќе увезува работна сила од странство

Македонскиот вицепремиер Артан Груби изјави дека договорот потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите е државна тајна, и како таков не може да биде објавен. Конзорциумот е тој што барал договорот да биде класифициран. Но доставен му е сепак на Јавното обвинителство, кој треба да ги следи работите.

-Тоа е секаде каде што гради овој конзорциум. Така беше и во Србија и на Блискиот исток. Тоа не е ништо чудно, рече Груби на брифингот со новинарите.

Пратениците јавно го побараа договорот, но Груби рече дека ниту народните избраници нема да го добијат на увид бидејќи имал бизнис тајни.

Објаснувајќи ги измените на Законот за работни односи со кои работната недела ќе се зголеми од 40 на 60 часа за работниците кои ќе ги градат автопатите, Груби убедуваше дека е неопходно да се донесат законските измени со цел коридорите да бидат изградени и поевтино и побрзо.

-Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради повеќе време – рече Груби.

На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часа неделно кога тоа е противуставно Груби рече:

-Ако нема доволно работна сила ќе се увезува од странство. Никој не ги тера со сила – рече тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…