Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека апсолутниот овогодишен хит Despacito соборува рекорди во гледаност и слушаност, собирајќи милијарди прегледи на YouTube, цел свет повторно почна сè повеќе да посветува внимание на латиноамериканскиот пазар кој е непресушен извор на игриви песни кои чекаат да бидат промовирани и претворени во планетарни хитови.
„Активно трагаме по нови звуци и музика која може да успее било каде во светот, а со самото тоа и да ја промовира и шири латино културата. Податоците од стриминг платформите не лажат и покажуваат дека светот ја сака оваа музика“, вели Чарли Вок од UMG Republic Group кој ја промовира Despacito на радио станиците и во медиумите.
„Во музичката индустрија сè е под знак прашалник, а латино изведувачите имаа големи проблеми во обидите да се наметнат на големиот музички пазар. Но, после Despacito, многумина сфатија дека музиката во која се пее на шпански јазик не мора да биде во друга, засебна категорија. Песна е песна, или е хит или не е“, смета Карли Енрикез од TuneIn.
Е сега, треба да се има на ум дека зборуваме за американскиот музички пазар кој „откри топла вода“ откако Бибер ја ремиксираше песната која во тој момент веќе беше голем светски хит. Но, во исто време, американскиот пазар и понатаму е исклучително важен, и кога тие ќе се вклучат во игра, нештата почнуваат сериозно да се менуваат.
Секако, тоа не значи дека било кој обид за копирање ќе вроди со плод, бидејќи нема секој да биде успешен. Меѓутоа, ќе ги насочи погледите и ушите на чаушите од големите музички компании кон пазарот кој е преполн со потенцијални хитови, а еве десет латино песни кои, ако се почитувачи на ритамот и звукот од Despacito, голема е веројатноста да ви се допаднат.