Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако мислевте дека во потполност морате да ги исфрлите јаглените хидрати за да успеете да ја намалите тежината, имаме за вас убави вести – можете да јадете дури 12 парчиња леб во текот на неделата.
Иако е карактеризиран како една од намирниците кои најмногу дебелеат, вистината е дека лебот е важен извор на хранливи состојки како белковини, аминокиселини, витамин А и Б.
Дали исфрлувањето на лебот од исхраната навистина ќе ви помогне да се ослободите од мастите? Па, да и не.
Лебот содржи околу 74 калории по парче. Па ако престанете да јадете повеќе парчиња тост за појадок, сендвич за ручек и можеби за вечера додадете малку леб од страна, сигурно со исфрлувањето ќе внесувате помалку калории, што може да се забележи на вашето тело.
Ова правило важи речиси за се: ако престанете да пиете пиво, јадете кекс, ставате шеќер во чајот, било што што секојдневно јадете и пиете, сигурно ќе намалите од дневното внесување на калории.
Исфрлувањето или намалувањето на внесувањето на намирници богати со јаглени хидрати обично се смета за најважен чекор за слабеење, но намалувањето на тежината вклучува менување на композицијата на телото, засилување на мускулната маса за да му помогнете на телото полесно да ги користи мастите кои ги имате на залиха.
„Не можете да имате видливи резултати еден месец само од промена на исхраната и воведување на активности“, пишува „Метро“.
Сертификуваниот нутриционист, Џејмс и Крист поделија една вистина за лебот која не ја знаат многу луѓе.
„Кога го регулирате внесот на јаглени хидрати, првата работа која ќе ја забележите е колку брзо, дури може да се каже и магично, килограмите почнуваат да паѓаат. Но, она што го губите не се мастите туку водата. Кога се јаглените хидрати складиште во нашиот организам во вид на гликоген, со секој грам на истиот, телото задржува трипати повеќе вода“, истакнува нутриционистот.
Па, што побрзо ги исфрлите јаглените хидрати и почнете да користите резерви од гликогенот, вие ќе загубите доста течности од телото. Токму поради тоа велат дека не треба од исхраната да се исфрлаат одредени групи на храна, туку само да се ограничат порциите, односно дневното внесување на калории.
Колку брзо ќе слабеете откако ќе го намалите лебот зависи од храната со која ќе го замените лебот.