Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот компјутер кој славниот технолошки тандем Стив Џобс и Стив Вознијак го изработиле заедно под ознката на денес култниот бренд Apple е раритетен и уникатен примерок кој сигурно би го сакале во својата приватна колекција многу посветени обожаватели на „Јаболкото“.
Истиот е понуден на аукциска продажба на интернет, но на оној што ќе сака да го поседува сигурно ќе му бидат потребни неколку милиони долари за да го добие во своја сопственост.
Уредот со ознака „Apple Computer 1“, подоцна познат и како „Apple 1“, е десктоп компјутер кој е конструиран далечната 1976-та година.
#Rare #Apple #Computer #Made By #SteveJobs Is #Selling For $1.75 Million
https://t.co/xc8O0cKvms?— AutismFather (@AutismFather09) 27. Oktober 2019
Овој компјутер е проектиран и рачно составен од Стив Вознијак, а на аукција е понуден по почетна цена од 1.750.000 долари.
Во описот на производот на аукцијата се наведува дека се работи за исклучително редок уред, прв од таков вид кој е понуден на интернет. Се наведува и дека компјутерот е потполно функционален, иако во денешни услови нема никаква употребна вредност.