Home Наука и техонологија Ако имате некоја од овие Андроид апликации – веднаш да ја деинсталирате

Ако имате некоја од овие Андроид апликации – веднаш да ја деинсталирате

Експертите за компјутерска безбедност открија девет штетни и небезбедни андроид апликации кои од Гуг Плеј биле преземени речиси 6 милиони пати. Тргнати се од „Плеј Стор“, но ако ги имате симнато во телефон, и натаму прават белја.

Апликациите биле комплетно функционални и вршеле работа за која се наменети, од средување фотографии до хороскоп. Само што попат краделе информации кои потоа завршувале во питај бога чии раце.

Станува збор за апликациите PIP Photo (преземена 5,8 милиони пати), Processing Photo (преку половина милиони симнувања), Rubbish Cleaner (сто илјади), Inwell Fitness (преку 100.000), Horoscope Daily (преку 100.000), App Lock Keep (50.000), како и Lockit Master, Horoscope Pi и App Lock Manager кои имаат нешто помалку даунлоди.

Како што објаснуваат од фирмата Доктор Веб која ги открила дубарите, измамата настанува кога апликацијата ќе понуди да не ве замара со реклами ако прифатите да ја поврзете со вашиот Фејсбук акаунт. Тука влегува во игра тројански црв кој ги снима и пренесува податоците од сметката, крадејќи ги и колачињата за моментална авторизиранa пријава.

Тројанецот крадел само кориснички имиња и лозинки за Фејсбук но многу лесно можел да добие прекоманда да буричка по други чувствителни податоци од кој било друг сервис или веб страница. Ако имате преземено некоја од наведените апликации, сменете лозинка на Фејсбук и ослободете се од апликацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…