Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од македонската Агенција за храна и ветеринарство до македоските потрошувачи апелираа дека се отповикува производот Баланс+ ферментиран млечен производ поради тоа што била испратена количина која не е наменета за македонскиот пазар.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштуваат дека се отповикува производот Баланс+ ферментиран млечен производ поради тоа што била испратена количина која не е наменета за македонскиот пазар и е со неусогласена концентрација на афлатоксини, што според македонските прописи и е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
„Се повлекуваат пакувањата со сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.
Причина за отповикување: испратена количина на производ која не е наменета за македонскиот пазар и е со неусогласена концентрација на афлатоксини според македонските прописи.
Производство: AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.
Увозник: Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија.
Дистрибутер: Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Македонија“, се вели во соопштението на АХВ.
Од АХВ препорачуваат крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.
Пред околу 10 дена од продажба беше повлечено и небезбедно трајно млеко „Милкано“ со 3,2 отсто масленост поради присуство на афлатоксин М1.