Ако го правите ова – тамам сте: Пишувањето пораки во пијана состојба е супер идеја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќето од нас барем еднаш испратиле порака после пиење до личност која ни значи и во тој момент тоа ни изгледало како одлична идеја.

Сепак, најчесто се срамиме од таквите пораки утрото после, а најновото истражување покажува дека пишувањето пораки во пијана состјoба всушност е многу добра идеја, се разбира под неколку услови.

Прво, не смеете да бидете препијани. Според истражувањата, луѓето се покреативни кога се малце поднапиени. Најдобрите „пијани пораки“ се пишуваат кога почнувате да го чувствувате алкохолот и ви е ослободена креативноста.

И второ, најважно е таквата порака да не ја испратите вечерта. Според препораките најдобро е пораката да ја напишете кога ќе ви дојде идејата и да ја зачувате на вашиот телефон, а да ја проверите и испратите следниот ден кога веќе не сте под дејство на алкохол.

На тој начин ќе имате забавна порака, со дозна на креативност, а нема да се срамите од напишаното.