Ако ги практикувате овие работи, не е чудно што не сте привлечни за мажите…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дали некогаш сте се запрашале зошто момците не ви приоѓаат? Можеби правите нешто погрешно…

Еве неколку потенцијални причини:

„Мноштво“ другарки

Момците откриваат дека не им е пријатно кога треба да пријдат на девојка која никако не се одвојува од своите „мноштво“ другарки.

Мобилен телефон

Она што момците најмногу ги одбива е тој мал уред кои жените го вадат од чанта и го проверуваат на секои 5 минути. Прво, тоа е иритантно однесување и докажува дека сте го изгубиле допирот со реалниот свет. Второ, остава впечаток дека имате некој па постојано се допишувате, пишуваат медиумите во регионот.

Нападни обетки

Изгледа дека момците го забележуваат секој детал, па открија дека мала е веројатноста да и пријдат на девојка која има обетки поголеми од ушите.

Кармин

Ние обожаваме кармини, тие не. Особено не лилакови, црвени, дречливо розево и.т.н. Тие природните нијанси веројатно не ги ни приметувате.

Насмевка

Жените кои никогаш не се смеат не се ниту малку привлечни, колку и да се убави.

Алкохол

И шишето вино на масата не е проблем, ако се пие дамски. Пиењето алкохол во стилот на Чарли Шин, односно слободното однесување од вообичаено, тоа е црвен картон за освојувачите.

Претерување

Мислиме на шминката, солариумот, прекратко здолниште и слично. Тоа што се вртат по вас, не мора да значи и дека сте привлечни.