Ако еднаш изневери, ќе има и вторпат…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вашето момче ја изневерил тогашната девојка со вас. Сте го украле од неа, лесно и се чини безболно. Можеби сте среќни, но би требало да знаете дека голема е шансата и самите еден ден по истиот принцип да бидете оставени, вели предводникот на истражувањето Џошуа Фостер, кој се обиде да утврди дали тој што изневерува секогаш изневерува.

Експерти од Јужна Алабама спроведоа студија на примерок од 443 испитаници, поставувајќи им прашање за степенот на верност и задоволство во врската. Анкетата покажа дека е оправдан сомнежот таму каде љубовта се случила додека еден од партнерите бил зафатен, па тогашниот партнер/партнерка ја оставил поради новажнов. Неверниците обично се повратници на местото на злосторството.

Личностите кои ја изневериле другата страна и се впуштиле во нова врска се окарактеризирани како проблематично ви верноста и склони повторно да го сторат истото.

Тимот од експерти од Јужна Алабама во текот на истражувањето откриле дека поголемите неверници се интровертни личности, а не оние кои отворено кокетираат.

„Порано студиите наведуваа на заклучок дека луѓето кои се привлечни за другите и секогаш имаат љубовни понуди повеќе изневеруваат, но сега утврдивме дека за тоа се способни помалку комуникативните типови“, вели предводникот на истражувањето.