Ако е од Луј Витон, не значи дека секогаш е убаво – на Роналдо му се потсмеваат за оваа модна комбинација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалскиот ас Кристиано Роналдо објави фотографија на Инстаграм на која позира во малку „поегзотична“ модна комбинација дизајнерски потпишана од модната куќа „Луј Витон“.

„Го започнувам викендот со добри вибрации и добар стил“, напиша Роналдо под фотографијата која собра над 10 милиони лајкови. Додека некои се воодушевени, други го исмеваат стајлингот на фудбалерот на Јувентус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

„Добар стил за прошетка на плажа, пријателе“, му пиша клубскиот колега Хуан Квадрадо со емотикони кои плачат од смеа.

„Одлично за одење незабележано“, се пошегува друг. Патем, овој цветен комплет чини 1805 долари.