„Ако е бал, нека е маскенбал“ – урнебесните амандмани кои ги поднесе „Левица“ во Собрание


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес во јавноста беше објавен дел од амандманите кои ги поднесе политичката партија „Левица“ во Собранието со цел да ја блокира неговата работа.

Она што привлече внимание во јавноста се досетливите амандмани предложени од двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои ја поделија јавноста, едни со смеа и поддршка, други со критика заради несериозноста.

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса и Алтернатива не биле во хумористичен стил, туку речиси сите исти, со разлика од некоја буква или знак.

Пратениците на Левица толку се внеле во работата, што поднеле и соодветни образложенија за секој амандман.