Ако е бал, нека биде Виенски бал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По остварената средба меѓу македнскиот премиер Зоран Заев и австрискиот канцелар Себастијан Курц, Курц истакна дека Австрија и понатаму ќе поддржува својата пријателска земја Северна Македонија во нејзините евроатлантски процеси.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, се заблагодарил на канцеларот Курц и на Владата на Австрија за се што направиле за Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.

„Сега откако почна да се имплементира Договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцирал премиерот Заев на средбата со канцеларот Курц.

По средбата, Курц го поканил Заев како негов единствен гостин, на престижниот Виенски бал. Лани гостинка на Курц беше сомалиската авторка, активистка за човекови права и поранешен модел Варис Дирие.