Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако на Gmail добиете нечија порака со покана да отворите Google документ – немојте да го правите тоа, за ваше добро. Новата измама која кружи на интернетот е во таков формат, а доколку го отворите документот (добиен веројатно од некој кој го знаете), ќе им го препратите „меилот“ на сите во инбоксот.
Портпаролот на Google за Business Insider вели дека е иницирана акција за заштита на корисниците и веќе се деактивирани некои од спорните кориснички сметки. „Нашиот тим работи на тоа вакви ситуации веќе да не се случуваат“, вели тој.
If you get an email like this with a link to #Googledocs @googledocs don’t open it, something bad is floating around the webs! GSuite Hack ? pic.twitter.com/8NbwvBw2fA
— Paul ? (@paulsavage) May 3, 2017
Уште не е познато како е започната оваа scam ситуација (измама), но новинари на CNN, Buzzfeed и Business Insider твитаат дека добиле таква „меил“ порака. Се верува дека дошла од Mailinator.
We are investigating a phishing email that appears as Google Docs. We encourage you to not click through & report as phishing within Gmail.
— Google Docs (@googledocs) May 3, 2017
Ева Галперин, шефица за сајбер безбедност во Electronic Frontier Foundation, за CNN, вели дека секој кој веќе кликнал на пораката ќе мора да ги провери поставките во својата Google апликација и да го забрани пристапот на Google Docs.