Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Професорот и академик Илија Чашуле на својот фејсбук профил се осврна на последната изјава на министерот Димитров и портпаролот Бошњаковски кои рекоа дека јазикот што го зборуваат Македонците од егејскиот дел на Македонија не бил македонски јазик, нешто што крена огромна прашина во македонската јавност.
„Изјавата дека говорите во Јужна Македонија не му припаѓаат на македонскиот дијасистем е велепредавство. Само да спомнам дека на пр. битолските и леринските говори се толку блиско сродни што сочинуваат една дијалектна подгрупа. Македонските говори во Јужна Македонија се во континуум. Тоа е јасно искажано во науката. Голем срам, непростено велепредавство за осуда. Гневен сум“, напиша академикот Чашуле на Фејсбук.
Претходно во изјава за грчките медиуми министерот Никола Димитров изјави дека македонскиот јазик на кој говорат граѓаните на Македонија нема никаква врска со идиомите што ги користат грчите Македонци.
Веднаш после него, на поставено новинарско прашање на кој јазик зборуваат Егејците, односно роднините на македонските државјани, во Грција, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави:
-Постои одредена категорија на население во Република Грција, која што не зборува на грчки јазик, која говори на друг јазик, но не сме ние тие што ќе детерминираме кој на каков јазик зборува, бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешните работи на друга држава, рече Бошњаковски, портпарол на Влада.