Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Турскиот академик Јавуз Орнек гостуваше на 6 јануари во емисија на јавната телевизија ТРТ1 во која тврдеше дека технологијата пред 10.000 години била многу понапредна за разлика од денес.
Рече дека Ное ја изградил арката од Челик и користел нуклеарна енергија како гориво.
Орнек во емисијата тврдеше дека Ное користел мобилен телефон за да го повика синот да дојде на арката и додаде дека на арката не ставил животни, туку јајца од сите живи битиа.
Водителката и Омер Фарук Харман, професорот по теологија кој беше втор гостин го повикаа Орнек да им покаже докази.
„Брановите биле високи 300-400 метри и синот на Ное бил со километри далеку, но како комуницирале? Јас сум научник и зборувам во името на науката“ вели Орнек.
Публиката на сето ова реагираше генерално негативно.