Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Одамна е јасно дека денес првата дама на САД, Меланија Трамп, своевремено пристигна од Словенија во САД како манекенка и таму го запознала денешниот претседател, Доналд Трамп.
Но, веројатно малкумина знаат дека словенската убавица со дозвола за постојан престој преку визата за имигранти со “извонредни способности” позната како “Ајнштајнова виза”.
За оваа „скокотлива” тема деновиве пишуваше Вашингтон пост, а потоа и останатите американски и светски медиуми. Дали е на повидок нов скандал со оглед на политиката на нулта толеранција кон имигрантите на Трамп?
Имено, визата EB-1 е предвидена за доселеници кои се успешни и уживаат „траен национален или интернационален престиж” во своето поле – без разлика дали станува збор за бизнисмени, наградувани уметници, научници или спортисти.
Според биографијата на Меланија Трамп, објавена на официјалната страна на Белата куќа, таа ги „паузирала” своите студии.
Колку тешко се добива оваа виза покажува и податокот дека во 2001, кога истата ја добила Меланија, само 0,34 проценти од доселениците кои добиле зелена карта ја добиле преку ЕB-1 програмата.
Меланија влегла во САД со туристичка виза, неколку пати добивала HB1 виза за високо квалификувани имигранти, а потоа го запознала Трамп и две години подоцна ја добила ЕB-1 визата.
Приказната не завршува тука, родителите на Меланија добија зелена карта благодарение на нејзината „ајнштајнова виза”, на темелите на правото на верижна миграција, онаа на која Трамп денес жестоко се противи.
Адвокатот на Меланија тврди дека првата дама била квалификувана „повеќе од доволно” за EB-1 програмата. Како што можеше да се очекува, корисниците на социјалните мрежи не се сложија со неговата изјава.