Ајекин се соочува со можна суспензија од УЕФА поради судењето на дуелот Барса – ПСЖ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дениз Ајекин, главниот судија на историскиот натпревар меѓу Барселона и ПСЖ (6:1) во осминафиналето од Лигата на шампиони можно е да биде суспендиран од УЕФА.

Бројните коментари околу досудениот пенал за Барса станаа топ тема по мечот на Камп Ноу и сите се прашуваат дали Ајтекин постапи правилно.

Меѓутоа, најмногу се зборуваше за наводниот фаул на Машеран над Ди Марија кон крајот на натпреварот, кога и самиот Аргентинец призна дека направил фаул.

УЕФА не смета дека германскиот судија добро си ја завршил работата.

Можно е Ајекин да биде суспендиран од шефот на судиската организација на УЕФА Пјерлуиџи Колионе поради грешките што ги направи во овој натпревар.