Ајде историчари, навалете во Министерство за здравство – оглас како НАЦРТАН за вас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред да биде избран новиот министер за здравство, Филипче, од ресорно министерство бил пуштен оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика.

Еден од главните услови за конкурентност за ова работно место е апликантот да има завршени историски, економски или правни науки.

Освен што невообичаено е вметнат условот за завршени историски науки, дополнително се бара најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководна позиција во јавниот сектор и 10 години искуство во приватниот сектор од кои најмалку 3 години на раководно место во приватниот сектор.

Платата за оваа позиција е 36,855 денари.