Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марија и Бојан од „Ај Кју“ ја напуштија Македонија и се преселија во Лондон, каде ќе живеат и работат. Тие денеска заминаа за Англија, откако неодамна добија виза. Веста дека си одат ја потврди Марија, која за „Репортер“ вели дека е среќна што конечно тргнуваат.
„Летаме рано изутрина и едвај чекам да тргнеме. Многу сум возбудена, највозбудена“ откри пејачката за „Репортер“.
View this post on Instagram
Марија и Бојан последниве две години често одеа во Англија каде што имаа настапи, но и снимаа со англиски продуценти.
View this post on Instagram
Минатиот викенд тие настапија на „Макфест“ со песната „Ти си ми сон“, а ова беше нивни прв настап на фестивалот во Штип по пет години. Пред неколку години ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ со песната Lost and Found, но не влегоа во финалето.
View this post on Instagram