Airbus го претстави својот летечки автомобил (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летечките автомобили станаа доста популарна тема во последно време. Неколку години наназад ги гледавме и слушавме за нив со доза на потсмев, како технолошки тешко изводливо претерување на инженерската фантазија, но денес се доста актуелни бидејќи во нивниот развој почнаа да вложуваат некои од најголемите компании во светот.

Последен во низата инвеститори е Airbus, европскиот производител на авиони. На автомобилскиот саем во Женева тие го претставија концептот за летечки автомобил кој, како што тврдат од Airbus, претстои светла иднина. Pop up, како што гласи неговото име, е електрично возило конципирано на модуларен дизајн. Имено, ќе има четири модули со чија комбинација ќе се бира каде и како ќе се движи патникот.

Примарен дел е патничката кабина, која може да се поврзи на модулот со тркала за движење по површината на земјата, односно со модулот со четири пропелери за движење во воздух. Последен во оваа констелација е интерактивниот модул, кој служи за управување со возилото.

Од Airbus предвидуваат дека развојот на Pop Up ќе трае помеѓу пет и десет години и не планираат да се откажат од него. Поради тоа, планираат соработка со автомобилската индустрија, со цел нивното темелно “know-how” и сопственото знаење да го претворат во практично и исплатливо возило кое во иднина би го заменило класичниот облик на превоз.