Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за итно повлекување и отповикување на небезбедни сладоледи поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид. Увозникот и дистрибутер Алма М треба е обврзан веднаш да постапи по издаденото решение од Агенцијата.
Од пазарот, како што информира АХВ, се повлекуваат и отповикуваат сладолед „Кит-кет“ стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција.
„Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето“, велат од АХВ.
Заради истата причина се повлекува и сладолед „Милка“ ванила и чоколадо стапче 20х100 мл со сериски број/лот:MI1118, MI1119 и рок на употреба до 30.04.2023, по потекло од Полска, како и сладолед „Милка“ чоколадно стапче со лешник 20х100 мл со сериски број/лот:MI1117 и рок на употреба до 30.04.2023, со потекло исто така од Полска, чиј увозник е Алма М.
„Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ се затекнати во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Апелираме крајните потрошувачи, кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат“, велат од АХВ.