Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изјави за грчката телевизија „Скај“, во врска со спорот за името, дадоа двајца претставници од владината коалиција во Македонија, Радмила Шеќеринска и Али Ахмети.
Фактот дека преговараме за решение со сложено име, со придавки или дополнувања, покажува дека има двоумења, емотивен набој и волја за придвижување на работите, изјави министерската одбрана, Радмила Шекеринска, во изјава за грчката телевизија „Скај“ во однос на спорот со името.
„Кога веќе преговараме, ако мораме да прифатиме одредено повлекување по однос на ова прашање, тоа ќе биде едногласно. Зошто? Затоа што мораме да бидеме доследни на нашите изјави. За спорот имаат преговарано и левичарска и конзервативна Влада. И двете влади – и конзервативната и социјалдемократската, во одредени моменти имаа прифатено компромисни решенија: ‘Република Македонија – Скопје’ во 2008-ма година беше прифатенo како име од страна на конзервативната влада. Ние исто така сме согласни на компромис. Затоа верувам дека генерално постои консензус за прашањето за потребата од компромис“, изјави Шекеринска за грчката телевизија.
Изјава за грчката телевизија „Скај“ дал и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како претседател на партија која е дел од владината коалиција. Притоа тој ја опишува новата влада како реформаторска и додава дека кај неа постои вистинска волја да се затвори 25-годишниот проблем меѓу Скопје и Атина.
„Во моментов ние сме земја без име, имаме само грубо име, а тоа е ПЈРМ. Во пракса, сега преку овие преговори се обидуваме конечно да добиеме редовно име“, вели во изјавата лидерот на ДУИ. Запрашан за тоа дали би поддржал одредени промени во Уставот, доколку преговорите за името тргнат во таа насока, Ахмети истакнува дека владејачкото мнозинство е подготвено на тоа, бидејќи постои цврста решеност за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ.