Ахмети на средба со Заев, ќе ги допрецизираат деталите за составот на владата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и коалиционен партнер во идната влада пристигна на средбата во штабот на СДСМ, каде со мандатарот Зоран Заев ќе разговараат и допрецизираат деталите околу составот на владиниот кабинет.

Најверојатно ДУИ конечно ќе ги понуди имињата на министрите кои треба да раководат со ресорите локална самоуправа, екологија, правда, евроинтеграции и економија, како и двете вицепремиерски места.

На средбата се очекува да пристигне и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Претходно од СДСМ соопштија дека партијата БЕСА нема да биде дел од составот на новата влада, но дека соработката со оваа партијата останува отворена.