Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика истражните органи да ја проверат работата на неговиот внук, откако во јавноста беше објавено дека станал сопственик на дел од трговскиот центар Соравија, но, и дека инкасирал значителна сума на пари од државни тендери, концесии и финансиска помош.
– Ни Дрин не може да ја избегне истрагата, да се разоткрие вистината, за ова нема да има пречка и нема амнестија или заштита од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно да вршат истраги и да се открие вистината- изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Ахмети, чија партија се соочува со серија скандали поврзани со неговото семејство, но и струшкиот градоначланик им порача на обвинителите да спроведат детална истрага во Мала Речица која како што рече, треба да почне од него.
А опозицијата денеска во приказната го додаде и неговиот син. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од свиркачи добиле документи според кои и синот на Ахмети заедно со неговите први братучеди отвора фотоволтаична централа во Кичево.
– Опозицијата вчера обвини и дека фирмите на внукот на Ахмети од Фондот за иновации добиле поддршка од над 80.000 евра. Фондот утрово во писмено соопштение отфрли било какви неправилности при распределбата на средствата. Велат тие бараа повеќе пари, но ги одбивме- Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ.
„Истиот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој“ – се вели во писменото соопштение.