Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази благодарност кон 80те пратеници кои вчераа го дадоа својот глас „за“, за уставни измени.
Ахмети меѓудругото, ги повика и останатите пратеници кои сакале да гласаат „за“, но немале храброст, да ја искажат истата во понатамошните фази од процесот.
„Тие 80 пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места, странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба“, истакна предводникот на ДУИ, Ахмети.