Ах бе, мажи, мажи…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Супстанцијата што ги израмнува брчките – ботоксот станува се популарен кај мажите, пишува „Дејли Меил”.

За мината година, бројот на мажите кои се одлучиле за ботоксна инјекција пораснал за 9,9 отсто, односно вкупно 453.281 клиенти, покажува последното истражување на Американското друштво на естетски хирурзи.

Пластичните хирурзи се почесто работат со мажи, кои како мотиви ги наведуваат младешкиот изглед, подобриот впечаток кај жените, сопруги, пријателки, или просто – при интервјуа за работа. Не се малку и оние кои имаат неколку децении помлада девојка, та сакаат да и „парираат“ со младоликост.

И, бидејќи машките клиенти се се повеќе, лекарите веќе осмислуваат посебни процедури за посилниот пол.