Агушеви до Кореја: Џамбо дел од саундтракот за корејско-американскиот филм „Окџа“ (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Струмичанецот Џамбо Агушев, кралот на трубата во светот, дебитираше и во филмската продукција. Тој е автор и композитор на музиката на корејско-американскиот филм ,,Окџа,, кој деновиве беше промовиран.

Во филмот преовладувааат звуци од трубата на Џамбо, повеќе дувачки инструменти проткаени со тапани. За музиката му помогнал како што вели ,, мојата десна рака,, Шукри Абдулов но и неговиот светски познат оркестар. Во дебитирањето на филмската музика во голема мера му помогнал и Благојче Трајковски.

,,Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни судејки по аплаузот. Тоа е гордост за мене и мојот оркестар ,,Џамбо Агушеви,, но и за Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата ќе се сети на нас , барем да ни се заблагодари за ваквиот успех,, напиша Џамбо на својот ФБ профил.