Агрокор преживеа: 20 банки го спасуваат со 480 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Агрокор е потврдено дека синоќа на неговата сметка ќе биде уплатена сума од кредит во износ од 480 милиони евра.

Освен Загребската банка и Фондот Најтхед (Knighthead fond), кои и претходно се согласија на кредитирање, во новитот кредит за Агрокор учествуваат дваесетина хрватски, руски, американски и европски банки.

Од руската ВТБ на пример е потврдено учеството во кредитирањето, додека Сбербанк се уште размислува дали ќе учествува.

Со оглед на тоа дека во двата случаи станува за банки, кои се во државна сопственост, очигледно е дека само од постапувањето на едната од нив нема да може да се согледа руската државна политика кон Агрокор, но и кон Хрватска, јави РТЛ.

ВТБ претходно откри колкав бил неговиот придонес во кредитот од 400 милиони евра, но порача дека не планира да ги продаваат своите побарувања кон Агрокор.