„Агрокор“ куртули од банкрот – спасот доаѓа од „мајка“ Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Договорот за осум милијарди евра задолжениот концерн „Агрокор“ беше изгласан од страна на доверителите. Со спасувањето на оваа хрватска компанија од банкрот, најголеми сопственици ќе бидат две руски државни банки – Сбербанка и ВТБ, со вкупен дел од повеќе од 46 отсто.

Пред изгласаниот договор било познато дека, ако помине нагодбата, најголеми сопственици ќе бидат Сбербанка со 39,2 отсто, сопственици на обврзница со 25 отсто, ВТБ банка со 7,5 отсто и Загребска банка со 2,3 отсто.

Износот кој го побаруваат доверителите е 33,75 милијарди куни, или 4,5 милијарди евра, а вкупниот долг на компанијата е осум милијарди евра, објави ХРТ.

Договорот за концернот го изгласале доверители кои побаруваат 80,2 отсто од вкупниот долг, во износ од 27,08 милијарди куни или 3,6 милијарди евра.

Интересено е, пренесува ХРТ, дека од целосниот износ на побарувања, односно долгови кои не се подмирени, посебно две милиајрди куни не се појавил на рочиштето.

Се очекува процесот на примена на договорот да трае помеѓу три и четири месеци.

Законот за постапка на вонредната управа во трговските друштва е од системско значење за Хрватска, познат како „лекс Агрокор“ е усвоен на 6 април минатата година.

Целта на законот е да се постигне договор помеѓу доверителите за иднината на работењето на друштвото така да „Агрокор“ може да продолжи да работи на одржлив и стабилен начин.

Со овој договор се избегна банкрот на компанијата која е меѓу најголемите во регионот и во која се вработени околу 60 000 лица.