Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Штети од ниските температури има на оние есенски посеви кои не беа покриени со снежна покривка, но во основа овие житните култури се во добра состојба, информира денеска Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК).
Оровчанец додаде дека во тек се проценките на штетите на есенските посеви, овошките и лозовите насади.
Од Агробизнис комората на ССК, денеска апелираа земјоделците да внимаваат кои сорти на семе на пченка, сончоглед и градинарски култури ќе ги засеат пролетва.
Лани беа изманипулирани голем број земјоделци од познати фирми со несоодветни сорти на семе за македоското поднебје, па затоа годинава предлагаме повеќе да ги користат веќе докажаните сорти произведени во земјава и во регионот кои се отпорни на климатските промени, рече Оровчанец.
Тој апелираше агробизнисот да почне да користи нови технологии за подобрување на производството и мали системи за наводнување кои се применливи во земјава.
Веќе има резултати од системот капка по капка во наводнувањето. Приносите кај пченката се зголемени на 15 тони по хектар, што покажува дека во време на климатски промени овој систем ќе може да се применува и да дава резултати. Исто така, на мислење сме дека во отсуство на големи системи за наводнување добро е да се развиваат мали регионални, рече Оровчанец.
Од Агробизнис комората уште еднаш укажаа нод примена на дополнитлени соврфемени технологии кои ќе придонесат за остварување на континуитет на агротехнолошки мерки кои се потребни за земјоделските култури од различни сектори без разлика на временските услови и последиците од нив.
Поради моменталната потреба во рамки на сезоната и во согласност со потребите на компаниите, би сакале да ја стимулираме и промовираме употребата на различни мали типови на летала од типот на дронови, жирокоптери, и различни мали летала мотор или без мотор во процесот на третирање на земјоделските култури како што се фолијарна прихрана, ѓубрење и заштита од болести со апликација на хербициди, фунгициди и инсектициди, додаде Оровчанец.
Според него нивната употреба во земјоделието зема голем замав, но за жал кај нас се уште претставува новитет, а ефектите кои ги генерираат се големи.