Агонијата продолжува: Одложена одлуката за Адеми!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS) ја продолжи голготата на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, откако објави дека одлуката околу намалувањето на неговата казна, поради допинг, наместо во среда ќе ја објави на 17-ти март.

Допинг тестот на Аријан Адеми, направен во октомври 2015 година, по натпреварот со Арсенал во Загреб, беше позитивен на забранетата супстанца станазол, поради што УЕФА реагираше и му изрече суспензија од дури четири години.

Адеми тврдеше дека е невин, ја обжали пресудата на УЕФА, но CAS неколку пати ја одложува објавувањето на одлуката. Инаку повторените анализи, меѓу кои и онаа на независна лабораторија од Келн, покажале дека лекот мегамин кој го користел Адеми, бил компромитиран со забранетата супстанца станазол.

Вината е кај производителот на лекот, но и покрај овие аргументи CAS ја одложува конечната одлука.