Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако во текот на вчерашниот ден осуденикот Агим Красниќи не се пријавил во затвор Штип после отсуството на кое заминал минатиот викенд и официјално се води како бегалец.
Директорот на затворот Мики Тодоров за МИА изјавил дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално Красниќи сега се води како бегалец.
Според Тодоров, изминатите години Красниќи користел викенд отсуства и секогаш се враќал во затворот во Штип на издржување на казната. Немале никакви индиции дека Красниќи по ова викенд отсуство нема да се врати во затвор Штип.
Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година, тоа значи дека тој има издржано веќе 13 години казна затвор, а остануваат уште две. Осуден за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.