Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На вчерашната седница Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услугу донесе одлука лиценцата за емитување на фамозната 1ТВ да биде одземена. Неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, е првоосомничениот во предметот „Рекет“.
Агенцијата отвори постапка поради неисполнување на минимум кадровски услови, медиумите имаше 15 дена да ги исправи пропустите, бидејќи тоа не е сторено донесена одлука за одземање на лиценцата.
Агенцијата поведе постапка и за скриено сопствеништво на медиумите откако самиот Јовановски во последното интервју во телевизијата призна дека тој е всушност сопственик иако како сопственици официјално беа наведени неговиот татко и Јасна Мандиќ, двајцата сега осомничени во проширената истрага за „Рекет“.