Агенција за храна: Во Македонија нема појава на „африканска свинска чума“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Агенцијата за храна и ветерина успокојуваат дека во Македонија нема појава на „африканска свинска чума“. сепак, АХВ превентивно ги засили безбедносните мерки заради ширењето на оваа болест во Бугарија, Романија и други држави од Источна Европа.

Од АХВ апелираат граѓаните кои патуваат да не внесуваат во земјава храна од животинско потекло, а одгледувачите да не ги одгледуваат свињите на отворено.

АХВ презема повеќе безбедносни мерки. Воведе и забрана за увоз, но презема и едукативни мерки за одгледувачите, ја интензивира соработката со сите институции со цел состојбата да се држи под контрола.

Поради годишните одмори и поголемата фрекфенција на патници, АХВ бара од Царинската управа зголемени контроли на багажот на патниците. Потпишано е решение за контролирано убивање на дивите свињи и испитување на мострите од убиените диви свињи бидејќи тие се најчест преносител на вирусот.

Болеста африканска свинска чума не е опасна за лугјето, но го уништува добитокот. Болеста се појави во 2007 година во Казахстан.

Се шири најчесто преку дивите свињи, но е доста раширена низ Источна Европа. Зголемените мерки, според АХВ ќе го намалат и контролираат движењето на болеста.