Агентот на Верати на средба со ПСЖ – играчот сака во Барса!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Италијанските медиуми потврдија дека агентот на Верати, Ди Кампли денес во Милано имал состанок со спортскиот директор на ПСЖ Хенрике, а тема на разговор била иднината на плејмејкерот.

Имено, Верати на маса има понуда од Барселона и го притиска францускиот клуб да му дозволи да замине на „Камп Ноу“.

„Газета дело Спорт“ пишува дека агентот на играчот, Донато ди Кампли на лидерите на ПСЖ им презентирал понуда од 100 милиони евра во име на Каталонците.

Весникот додава дека Барса на фудбалерот му нуди годишна плата од 10 милиони евра, односно 4 повеќе од она што Италијанецот го заработува во моментов на Паркот на Принцовите.

ПСЖ не сака да се откаже од играчот и ќе му понуди нов договор со истите цифри како Барселона, па останува да видиме каква ќе биде крајната одлука.

Покрај Барселона, интерес за Италијанецот покажуваат уште Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид.