Агентот на Бејл „удри“ по навивачите на Реал: Застрамете се!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Односите помеѓу Герет Бејл и навивачите на Реал Мадрид се нарушени, а сега агентот на Велшанецот јавно го нападна фановите на „кралскиот“ клуб.

„Кралевите“ во само три дена доживеаа два пораз од најголемиот ривал на својот стадион, па после цели 87 години Барселона има повеќе победи во „Ел Класико“.

Герет Бејл играше од првата минута во саботата, но не играше добро. Кога Солари го извади од игра, Бејл доби големи свирежи од навивачите на Реал, што додатно го изнервира фудбалерот кој и така е во лоша позиција.

Мадридски „АС“ пренесува дека Бејл само неколку минути откако беше заменет минал на клупата за резервни фудбалери, по што се упати во соблекувалната.

Велшанецот дури и не сакал да го догледа крајот на дербито, па веднаш потоа се упатил кон својот дом, па оваа информација наиде на големо незадоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб.
Сега јавно се огласи и менаџерот на Велшанецот, кој директно ги нападна навивачите на Реал кои ги исфиркаа фудбалерот.

„Оваа генерација на навивачи на Реал ќе зборува за головите на Бејл уште многу години. Поради тоа треба да се засрамат. Начинот на кои го третираат Герет е една голема неблагодарност“, изјави агентот Џонатан Барнет.

После ова додатно се засилија шпекулациите дека Бејл нема повеќе иднина во Реал и на лето најверојатно ќе го напушти клубот.