Агенти на ФБИ упаднале во куќата на олигархот Дерипаска во Вашингтон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Американското Федерално истражно биро информираат дека презеле „активности за спроведување на законот“ во куќата на рускиот олигарх и милијадер Олег Дерипаска во Вашингтон. Тоа го потврди службата за комуникации на ФБИ, пренесува Си-ен-ен.

Се наведува дека конкретната причина за упадот на агентите на ФБИ во куќата на Дерипаска сè уште не е познат, а портпаролот на ФБИ не изнесе детали.

Ен-би-си од лице место јави дека федералните агенти се наоѓаат околу имотот и не дозволуваат пристап на никому.

Олег Владимирович Дерипаска, руски милијардер, индустријалец и соработник на рускиот претседател Владимир Путин, се наоѓа на црната листа на САД.

Вашингтон претходно ги укина санкциите против неговите две главни компании – алуминиумскиот гигант Русал и неговата матична Ен+ група, откако тој го пренесе управувањето на други лица.