„Afyon“ – девет минути чиста џез поезија и нов спот на Sethstat

????????????????????????????????????

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Брзо после промоцијата на нивниот нов, деветти по ред, студиски албум симболично именуван „IX“, македонската џез „банда“ Sethstat го промовира и новиот спот за композицијата „Afyon“ од споменатиот албум.

Поставата – добитна комбинација: Гоце Наумов на тапани, Дени Омерагиќ на бас, Панче Бујуклиев на клавијатури, Васко Бојаџиски на саксофон и Владан Дробицки на тромбон.

Зад камерите се Стефан Рајхл, Петар Аврамоски, Филип Ѓорѓиоски и Антон Лазаревски. Видеото е го сработија Tone Bandits, за звукот беше задолжен Ивица Јанкуловски со асистенција на Бисера Анастасова.