Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Највискиот кошаркар во историјата на НБА лигата, Мунате Бол (231 см) според официјалните податоци кариерата ја заврши на 32 години, но постојат индиции дека славниот кошаркар од Судан бил многу постар кога се повлекол.
Според зборовите на поранешниот тренер на Кливленд, Кевин Маки легендарниот Бол имал можеби и 50 години кога ја завршил професионалната кариера.
„Сите врати во спортот се отворени кога имаш 19 години и сите врати се затворени кога имаш 35 години. Веројатно имаше 40-50 години кога играше во НВА. Јас му дадов датум на раѓање бидејќи никој не знаеше колку е навистина стар. Мислам дека беше во четвртата деценија од животот. Мислам дека ни самиот Бол немаше поим колку години има“, изјави Маки.
Бол во 1985 година беше 31-ви пик на Вашингтон на НБА драфтот, а играше уште и за Голден Стејт, Филаделфија и Мајами.
Former NBA star Manute Bol reportedly lied about his age and may have been 50 years old when he played in the the league https://t.co/5N7GFoae0Q pic.twitter.com/DVSF59O9pq
— New York Daily News (@NYDailyNews) November 22, 2017