Афрички бран носи нови пеколни жештини кон регионов


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во текот на следните денови Македонија и околните држави ќе бидат под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, истиот за време на викендот и на почетокот од следната недела ќе засилува. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, најтопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога во најтоплите предели од државава максималните температури ќе се искачат до околу 38, 39 степени.

Освежување на времето ќе има од вторник, кога ќе има и позначителен пад на температурите на воздухот.