Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во аферата „Рекет“ која моментално ја тресе медиумско-политичката фела кај нас, веќе се знае редоследот по кој бил инициран случајот за изнудувањето на милионски суми за кое се товарат Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Бизнисменото Орце Камчев, кој бил мета на рекет и изнуда на милионски суми со цел да му биде ублажена или целосно отфрлена казната во случајот „Империја“ под ингеренции на СЈО, прво усно се пожалил и побарал помош за рекетирањето лично кај премиерот Зоран Заев. Премиерот потоа лично ги известил републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на организиран криминал, Вилма Русковска, пренесува Фокус од доброупатени извори.
Јавниот обвинител Јовески за наведениот медиум потврди дека премиерот Заев бил кај него и кај колешката Русковска да пријави случај за рекет, но тие му порачале дека е подобро сведокот самиот да пријави.
„Обвинителството прави напори овој случај да го истражи до крај. До кого и да стигнеме ќе постапиме соодветно“, изјавил обвинителот Јовески.
Премиерот Заев на вчерашната прес конференција изјави дека бизнисмени лично му се пожалиле дека им бил баран рекет, а тој пријавил во обвинителството.
„Се обратиле бизнисмени до мене кои не се од Скопје дека биле уценувани и се знае, како што постапува секој граѓанин така постапува и премиерот – го пријавил тоа. Потенцирам, премиерот тоа го пријавил“, рече Заев вчера на прес-конференција.