Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Директорката на Националната агенција за европски програмни, Лидија Димкова, тврди дека парите дадени преку агенцијата не се за фризерницата туку за проекти на фирмата ВЕЗ Трејд на Зоран Златковски, откако јавноста беше разбранувана и револтирана од информациите дека тие биле дадени за фризерница.
Таа денеска на прес конференција образложуваше дека проектите се оценети од надворешни евалуатори врз основа на строги правила.
ВЕЗ Трејд фирмата на Златковски во изминатите три години преку неколку проекти добила грантови во вредност од 270 илјади евра. Проектите се однесуваа на едукација на млади за медиумска писменост. Сепак како што кажа Златковски, фирмата моментално е регистрирана како фризерски салон и салон за убавина.
На прозивката од опозициската ВМРО ДПМНЕ да си поднесе оставка Димова одговори дека нема да поднесе се додека како што рече не се открие како се проневерени над 2 милиони евра од претходното раководство на Агенцијата. Во врска со последните информации во јавност за грант за тренирање магариња, тврди дека преку програмите и претходно се давале пари за вакви проекти.
Од Антикорупциската комисија велат дека се постапувало по неколку анонимни пријави, но и дека добиле одговор од Јавното обвинителство за кривична пријава за злоупотреби на претходното раководство на Агенцијата но и уште една нова.
Од Обвинителството пак велат дека го следат случајот со фризерницата и за тоа како се доделени парите, засега предмет нема, но не ја исклучуваат можноста за истрага доколку проценките одат во насока дека имало злоупотреби.