АЕРОДРОМЦИ и денес на улица: Стопирајте веднаш, ние имаме право да одлучуваме за својата оштина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жителите на општината Аеродром, денес ќе продолжат со протестите закажани за 17 часот, против изградбата на деветокатница на местото кај паркот пред „Мајчин Дом“.

Жителите на скопската општина од градоначалникот Марин бараат итно стопирање на градежните активности и дислокација на градежната механизација, како и вклучување на жителите во одлуките на општината за донесениот ДУП.

„Имаме право да одлучуваме за својата општина и својот град. Стопирајте веднаш“, наведуваат во повикот гневните жители.

Во текот на вчерашните протести забележани беа само кратки обиди да се создаде неред, но поединци ги спречија во својата намера жителите.